Мисти Бривер Ли има две деца. Ќерка на 27-годишна возраст и игра софтбол на универзитетот, а синот средношколец и штотолку наполнил 19 години. Така што, тие се две возрасни лица кои се подготвуват да зачекорат самостојно во животот. Нормално, се уште им треба нивната мајка и таа засекогаш ќе биде нивни росител, но – нејзината улога се променила.
Земајќи ги во предвид промените, Мисти напиша писмо до сите млади родители. Таа во писмото изнесе една важна лекција која што ја научила во текот на годините, а тоа е секогаш да се грижат за своите деца и да го следат секој нивни чекор кој што го прават низ животот.
Нејзината објава воопшто не била патетична и безначајна, туку искрена. Веројатно и поради остварила 397.000 реакции и на Фејсбук била споделена 491.000 пати.
-Кога за прв пат ќе станете родители, сите ви говорат за предизвиците кои родителството ги носи само по себе. Тука се непреспоиените ноќи покрај бебето, тинејџери кои не сакаат да си легнуваат рано, повреди на тренинзите, цената на издржувањето на детето… покрај тоа, излегување порано од работа бидејќи не им е добро, не средена куќа, расфрлани алишта, помагање околу домашните задачи, цената за приборот и гардеробата за во училиште, пакување на нивната ужинка…
Потоа гледате како очињата им блескат на Божиќното утро и се обидувате да го запаметите тој нивни сјај.
Ги запишувате на спорт, ги носите на тренинзи и патувате преку цела држава се со цел за да можат да ја играат играта која ја сакаат. И нема врска ни тоа колку е напорно и скапо.
Толку многу сме зафатени што не можеме да разбереме дека помина три дена од животот. Размислувате и 18-20 години ви делуваат како долг животен период.
Тогаш, одеднаш, часовите се претварат во денови, деновите во месеци, а месеците во години.
Одеднаш таа мала особа која некогаш само сакала да лежи покрај вас во креветот и да се гушкате додека гледате цртани, сега постана личност која ве прегрнува во ходник кога доаѓа и си оди.
И хаосот и смеата кои некогаш се се одвиваа во домот тогаш се претвараат во тишина и осаменост.
Научивте како да бидете родител на детето на кое сте му потребни и како да го заштитите… но немате врска како целата работа „пушти нека тера“ функционира.
Тогаш можете да се држите само цврсто колку што можете, да седете и да се запрашувате како времето поминало толку брзо и да се окривувате што се сте пропуштиле.
Дури иако со нив сте поминале цели 20 години, ќе ви се чини дека тоа не е доволно и на себе ќе си поставувате многу прашања…
Дали ги научив на вистинските лекци?
Дали сум и читала доволно книги?
Дали сум поминувала доволно време играјќи си со нив?
Колку настани во училиште сум пропуштила?
Дали навистина знаат колку ги сакам?
Што сум можела подобро да направам, како родител?
… Затоа што, кога ќе дојде време тие да си одат, тоа ќе ве погоди како тон цигли.
И се што вие можете е само да се молите, надевате и верувате дека Бог ќе ги заштити на тој пат по кој што тргнале сами.
Родителството е најубавата работа на светот, во еден момент ќе те возвиши, а веќе следниот ќе те остави со скршено срце.
Но, една работа е сигурна, никогаш нема доволно време.
Затоа на младите родители на мали деца кои ја разбиваат главата како да поминат низ ова „лудило“ порачувајте им: Искористете го секој ден во целост, исцрпете го, испијте го до крај.
Затоа што, еден ден сите тие денови: спиењето, гушкањето, цртаните, Божиќните маги, заедничките вечери – ќе ги снема.
А вие ќе останете да се запрашувате дали сте се направиле доволно добро за да можете да ги пуштите да ги рашират сопствените крила.
Тие ќе одлетат, заклучува во својата исповест Мисти.
Многу родители емотивно изреагираа на оваа нејзина објава, споделувајќи ги нивните чуства поврзани за нивните деца и нивното отселување.