сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Еве кои земји ќе влезат први во Новата 2023 година – кај нив веќе е 31 декември!

Еве кои земји ќе влезат први во Новата 2023 година – кај нив веќе е 31 декември!

Додека ние Новата година ќе ја дочекаме утре на полноќ, во некои земји од планетата најлудата ноќ ќе биде утре додека се будиме наутро (според наше време).

На пладне по наше време во 2023 ќе влезе Нов Зеланд, во 14 часот Австралија, во 16 Јапонија и Кореја, во 17 часот Кина, а час подоцна од 2022 ќе се простат Индонезија и Тајланд.

Спектакуларната прослава во Дубаи ќе биде во 21 часот по наше време, а час подоцна Новата година ќе се честита во Русија и Саудиска Арабија.

Неколку часа по нас, во Новата година влегуваат Бразил и Канада околу 5 часот наутро по наше време, а кога нашите клубови ќе започнат да ги затвораат вратите, Американците ќе се простат со старата година.