петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ЕВРОПСКА КОЛУМБИЈА: Во овој град момчиња добиваат 1.000 евра дневно да се возат на скутери и внимаваат на полицијата (ВИДЕО)

Невработени се 35 проценти од жителите на Линеа, а кога се во прашање младите луѓе од сиромашните квартови невработеноста е вртоглави 80 проценти.
ЕВРОПСКА КОЛУМБИЈА: Во овој град момчиња добиваат 1.000 евра дневно да се возат на скутери и внимаваат на полицијата (ВИДЕО)

Најопасната улица во Шпанија, а можеби и во цела Европа, не се наоѓа во лошите квартови од Мадрид, Барселона или некој друг голем град во Шпанија. Се наоѓа во андалузиското гратче Линеа де Консепсион, место со само 64.000 жители во сенка на моќниот Гибралтар.

-Луѓето очекуваат дека овде секогаш има пукање, кажа градоначалникот на Линеа, Хуан Франко, на новинарот од Гардија додека го шеташе по улицата Канариас, најопасната улица во градот и упориште на бројни пресметки. Во тмурното попладне во улицата каде доминираат куќи на еден или два ката, домови на рибари, била скоро пуста, тишината ја уништуваше само чистачот кој го чистел плочникот.

-Ок, не е баш Беверли Хилс, но не е ниту Меделин, зар не?, дофрли градоначалникот на градот во кој минатата година запленети биле 145,4 тони хашиш и 11,8 тони кокаин.

Линеа многумина ја нарекуваат „европскиот Меделин“, а ситуацијата на неговите улици потсетува на колумбискиот град додека беше седиште на наркобосот Пабло Ескобар. Причина? Африка, односно Мароко, е на 30-тина километри, поради што Линеа е едно од главните средишта за криумчарење на дрога.

Од 64.000 жители, околу 3.000 се членови на банди кои се занимаваат криумчарење и трговија со дрога. За тоа и се добро платени.

-Човек на скутер со мобилен телефон кој прати што прави полицијата добива 1.000 евра на ден. Луѓето кои ги носат пратките од плажа и товарат во автомобилите добиваат од 3.000 до 4.000 евра, а оние кои ги возат бродовите со дрога добиваат од 30.000 до 60.000 евра за еден трансфер, набројува Франциско Мена, челник на здружението за борба проти дрога, Алтернативас. Тоа е работа во која ако еднаш влезете, нема излегување надвор.

Во април минатата година 100 луѓе фрлаа камења на припадниците на шпанската Цивилна гарда кои се обедуваа да ја пресретнат пратката со хашиш на плажата Ел Тонелеро. Два месеци подоцна локалниот полицаец Виктор Санчез го прегазиле со автомобил и го усмртиле додека ловел криумчари на цигари.

Во февруари оваа година околу 20 маскирани мажи упаднаа во болницата во Линеа како би ослободиле осомничен трговец со дрога кој таму лежел.

Криумчарска мека

Линеа има долга традиција на криумчарење. Некогаш најбарана роба биле цигарите, пеницилинот, најлонките, шеќерот и кафето, денеска се хашишот и кокаинот. Економската криза која ја погоди Шпанија во 2008 година го зголеми бројот на заинтересирани за занимавање со криминал, посебно оние од градежниот сектор, кој претрпе најнов удар.

Невработени се 35 проценти од жителите на Линеа, а кога се во прашање младите луѓе од сиромашните квартови невработеноста е вртоглави 80 проценти.

-Тешко е да се најде работа, што е идеална ситуација за нарко дилерите, кажа за Гардијан градоначалникот Хуан Франко. Бандите стануваат се помоќни и стекнуваат се повеќе влијание кај властите, а се зборува дека станала пракса членовите на нивните семејства меѓу себе да се венчаат за да зголемат моќта и досегот.

Криминалот цвета, а претставниците на законот се прилично деморализирани. Адвокатот на локалната Цивилна гарда, Хозе Енцинас побара повеќе луѓе во специјалните сили и поголема поддршка од властите во Мадрид.

-Споредбите со Меделин праќаат многу јасна порака. Ситуацијата се уште не е толку екстремна, но се плашиме дека би можела да стане, изјавил Енцинас.