Куклата Барби своето име го добива по вистинска личност. Светски познатата кукла е изум на Рут Хендлер, која била ко-основач на компанијата за играчки „Mattel“.
Рут името на куклата ù го дала по својата ќерка Барбара.
Роденденот на Барби е на 9 март (1959 година).
Нејзиното целосно име е Барбара Милисент Робертс.
Доколку Барби би била вистинска девојка би имала пропорции 90-45-90.
Кен своето име го добил по синот на Рут, Кенет.
Првата Барби на која можеле да ù се свиткаат колената била претставена на пазарот во 1965 година.
Првата Афроамериканска Барби била наречена Кристи и се појавила на пазарот во 1968 година.
Барби е голем љубител на животни и низ годините имала повеќе од 38 миленичиња, помеѓу кои кучиња, мачиња, коњи и лавови.
Колекционерските едиции на позната кукла се организирани во 4 категории: розова (неограничено производство), сребрена (до 50.000 парчиња), златна (до 25.000 парчиња) и платинумска (до 1.000 парчиња)
На секоја секунда се продаваат по 3 Барби кукли некаде во светот.