среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Неверојатен износ: Еве колку ќе заработи Маргот Роби од „Барби“

Неверојатен износ: Еве колку ќе заработи Маргот Роби од „Барби“

Улогата на Маргот Роби во филмот Барби го привлече вниманието на светската јавност, а освен слава, Барби и донесе и многу пари на актерката.

Како што пишува Variety, Маргот Роби од оваа улога би можела да заработи околу 50 милиони долари, во плата, бонуси, но и од заработката од кино проекциите.

Режисерката и косценарист на популарниот филм Грета Гервиг ќе добие и бонуси за неверојатниот успех што го постигна филмот Барби.

Барби заработи неверојатни 526,3 милиони долари на американскиот бокс офис од неговото прикажување пред еден месец, како и 657,6 милиони долари на меѓународниот бокс офис.

Оваа заработка не е конечна, со оглед на тоа дека Барби ќе продолжи да се емитува, а и понатаму е на врвот на сите топ листи.

Покрај тоа што ја оживеа популарната детска кукла, Роби го продуцираше филмот и преку нејзината продуцентска куќа LuckyChap Entertainment, која ја основа во 2014 година со нејзиниот сегашен сопруг.

Маргот Роби беше номинирана за две награди Оскар за нејзините изведби во I, Tonya и Bombshell. Таа првпат стана познат во „Волкот од Волстрит“ на Мартин Скорсезе.