четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Езеро во Австралија се наполни првпат по 28 години, фотографиите неверојатни

ФОТО: Езеро во Австралија се наполни првпат по 28 години, фотографиите неверојатни

Фотографиите од езеро во Австралија направени во временска дистанца од неколку децении покажуваат  драстична разлика предизвикана од неодамнешните поплави.

Езерото Ајлдон, кое се наоѓа во Викторија на југоисточниот дел на земјата, беше фотографирано речиси празно пред 15 години за време на страшната суша во 2007 година.

Тогаш беа пополнети само 5,3 отсто, што е рекордно ниско ниво. Сепак, сега изгледа непрепознатливо со 100,4 отсто од својот капацитет – што последен пат се случило пред 28 години.

Викторија, јужен Нов Јужен Велс и северна Тасманија беа погодени од обилни врнежи во последните денови, што предизвика многу области да доживеат сериозни поплави.

Благодарение на дождот, областа на езерото Ајлдон изгледа непрепознатливо во споредба со снимките од пред 15 години.

Се излеаја и други брани, при што браната Дартмут го надмина капацитетот за првпат по 26 години.