сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Австралија ја декласираше Финска, Италијанците едвај до победа против Ангола!

Австралија ја декласираше Финска, Италијанците едвај до победа против Ангола!

По долго чекање, утринава конечно почна Светското првенство (СП) во кошарка и тоа со лесна победа на Австралија против Финаска (98-72), односно нешто потежок од очекувањата триумф на Италија против Ангола (81-67).

Австралијците се еден од кандидатите за златото, но лошо ја почнаа средбата поради што противникот кон средина на вториот период водеше со 38-30. Но, тоа како да ги разбуди фаворитите, кои вратија со серија 19-2, го презедоа водството и до крајот рутински ја одработеа задачата. Најефикасен кај Австралија беше Пети Милс со 25 поени, а Џош Гиди додаде 14, додека кај Финците најдобар беше Лаури Марканен со 19 поени, додека Сасу Салин додаде 13.

Во вториот меч Италија со многу мака победи против Ангола, која многу подобро го отвори натпреварот, направи серија од 5-0, по што се разбудија Италијанците кои до крајот на првата четвртина дојдоа до предност од шест поени. Во вториот дел Ангола се врати, се избори во третиот дел од играта, за да надвладее во четвртиот дел. Италија ја предводеше Симоне Фонтекио со 19 поени, додека Стефано Тонут додаде 18. Кај Ангола најдобар беше Чајлде Дундао со 19 поени, а Бруно Фернандо додаде 13 поени.

Во следните два меча од денешната програма на СП 2023, Црна Гора ептен лесно го прегази Мексико (91-71), а на идентичен начин и Летонија го совлада Либан (109-70).