четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италија воведува гранични контроли со Словенија поради зголемена закана од тероризам

Италија воведува гранични контроли со Словенија поради зголемена закана од тероризам

Италија денеска соопшти дека ќе го суспендира договорот за отворена граница со соседна Словенија, наведувајќи ја зголемената закана од тероризам во Европа поради конфликтот на Блискиот Исток.

Десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони соопшти дека властите во североисточната погранична провинција Фруланија-Јулиска Краина од почетокот на годината идентификувале 16.000 луѓе кои илегално влегле во Италија преку границата со Словенија, последната станица на балканската рута која некои мигранти ja користат за да стигнат до Западна Европа.

Со 140.000 мигранти кои пристигнаа во Италија по море оваа година, бројот на илегални влегувања е зголемен за 85 отсто во споредба со 2022 година.

Италијанската Влада најави дека ќе ги врати граничните контроли од 21 октомври, на 10 дена.

Владата соопшти и дека антитерористичкиот комитет на Министерството за внатрешни работи ја испитува ситуацијата и дека тоа ја „потврдува неопходноста“ од зајакнување на италијанската граница.

Италија и Словенија се меѓу 26-те земји кои припаѓаат на Шенген зоната, најголемата зона за слободно патување во светот.  (МИА)