Добро е познато дека ефектите од пушењето врз белите дробови и остатокот од телото се многу негативни, но и покрај тоа, еден кинески маратонец го истрча маратонот во градот Гендо додека пушеше цигари.
Тркачот, познат по прекарот чичко Чен, се појави на насловните страници на локалните весници, а набрзо фотографиите на кои пали цигари среде трката ги преплавија социјалните мрежи.
Веибо Чен стекна голема популарност, а организаторите на трката го прославија неговото достигнување со врачување на сертификат за успешно завршување на трката.
Чен заврши на 574-то место во генералниот пласман од речиси 1.500 натпреварувачи, со време од 3 часа, 28 минути и 45 секунди.
Ова не е прв пат 50-годишниот тркач од Гуангжу да биде снимен како пуши за време на маратон.
Фотографиите на кои трча со цигара во рака се појавија уште во 2018 година на маратонот во Гуангжу, кој го истрча за 3 часа и 36 минути, а една година подоцна во Ксиамен, кој Чен го заврши за 3 часа и 32 минути.
Чен е и ултрамаратонец, а една од анегдотите поврзани со него, иако непроверени, е дека пуши само кога трча.