понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонката Поп Арсова не го заврши маратонот во Будимпешта, Шанкуле е победничка

Македонката Поп Арсова не го заврши маратонот во Будимпешта, Шанкуле е победничка

Амане Берисо Шанкуле од Етиопија го освои златниот медал на женскиот маратон претпладнево на Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта.

Шанкуле го оствари својот најдобар сезонски резултат – 2 часа 24 минути и 23 секунди.

Нејзината сонародничка Готутом Гебресласе заврши на 2. место со 11 секунди заостанување зад победничката.

На третото место маратонот го заврши Мароканката Фатима Езахра Гардади со време 2:25.17.

Единствената Македонка на ова Светско првенство, Адријана Поп Арсова, не го заврши маратонот.