Иако Њујорк е во преден план, градот во кој Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“ одлучува да се пресели поради љубовта е Париз – градот на љубовта.
Хотелот во кој престојуваше Кери во серијата е еден од најромантичните во Париз кој има пет ѕвезди – Hotel Plaza Athenee. Апартманот со кој Кери го замени својот стан во Њујорк е соодветно именуван како Eiffel Suites.
Всушност, под тоа име има неколку апартмани, а нивните цени почнуваат од 12.000 евра за ноќевање.
Секој апартман има приватен превоз и батлер, една луксузна спална соба и една бања, сите во мермер. Гостите можат да изберат која постелнина ја сакаат, а дозволени се и домашни миленици. Свежо цвеќе и овошје се достапни секој ден, како и мини бар.
Исто така, апартманите се со различна големина и дизајн, па гостите можат внимателно да го изберат оној кој најмногу им се допаѓа. Ентериерите се уредени во Арт Деко стил или многу класично, со свила, кадифе и редок дрвен материјал.
Покрај големиот луксуз и шампањ за добредојде, во цената е вклучен и прекрасен поглед на Ајфеловата кула.