Инспекторите на француската финансиска полиција упаднаа во просториите на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз, кои ќе се одржат следното лето во Градот на Светлината, како и во компаниите вклучени во подготовката на свеченото отворање.Организаторите се осомничени дека фаворизирале одредени компании при потпишувањето договори поврзани со најголемото глобално спортско натпреварување.
-Париз 2024 потврдува дека претставници на финансиската полиција извршија увид во нашето седиште и ги добија сите информации што ги бараа. Париз 2024 целосно соработува со инспекторите – соопштија од Организацискиот одбор.
Инаку, првпат финансиската полиција изврши увид во јуни, кога под лупа се најде компанија што беше главен спонзор на изградбата на олимписките објекти.