петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Празничната магија веќе пристигна во Лондон, светилките блеснаа во градот

ФОТО: Празничната магија веќе пристигна во Лондон, светилките блеснаа во градот

Празничното расположение веќе пристигна во Лондон, а најпосетуваната улица во тој град е осветлена со илјадници светилки.

Лондон пред неколку недели почна да се подготвува, а на 2 ноември на улицата Оксфорд се одржа официјалното палење на светилките.

Светлата наскоро ќе бидат вклучени и во другите делови на Лондон. На 8 ноември светилки и други украси ќе ги осветлуваат Карнаби и Ковент Гарден, на 9 ноември улицата Реџент и Св. Џејмс, а потоа и сите други области, улици и плоштади.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, луѓето се воодушевени од изгледот на улицата Оксфорд.
И во Лондон и во другите европски градови, продавниците веќе се преплавени со божиќни украси, светилки и подароци.