Најголемиот брод за крстарење во светот, по три години градба е подготвен да ги дочека првите патници. Со должина од над 360 метри, „Royal Caribbean Wonder of the Seas“ е испорачан минатиот месец и своето патување од Флорида до Карибите го започна на 4 март.
Крузерот со 18 палуби е изграден во Франција, а има капацитет за 6.988 гости и 2.300 членови на екипажот.
-Возбудени сме што гостите ширум светот ќе ги запознаеме со „Wonder of the Seas“ и со неговите карактеристики кои се светска класа по шест години долг процес, вели Марк Тамис, висок потпретседател на хотелски операции во компанијата „Royal Caribbean International“.
Бродот ќе започне со крстарења од пет до седум ноќевања од Флорида до Кариби, а во мај ќе крстари од Барселона и Рим.
“Wonder of the Seas” има осум целини, од кои една содржи повеќе од 20.000 вистински билки, а услугите на бродот вклучуваат и она што се опишува како „највисок тобоган на море“, зиплајн преку 10 палуби, голем базен со базен филмско платно.
Goodbye old, hello bold. 🤩 #WonderoftheSeas is sailing off on her maiden voyage to the Caribbean — and we’re giving you the first looks at the world’s biggest ship day-by-day, all week long. pic.twitter.com/cLDe7lLCGM
— Royal Caribbean (@RoyalCaribbean) March 5, 2022
-Секогаш се гордеевме дека на гостите им нудиме најдобри и најиновативни бродови за навистина да им пружиме неверојатно искуство. Ова наше чудо го опфаќа сето тоа, додава Тамис.
Бродот требало да биде испорачан во 2021 година, но тоа е одложено поради корона пандемијата.
Epic from every angle. 🤳 #WonderoftheSeas
🎥: Dmitry S. pic.twitter.com/ABsYqhHzkg— Royal Caribbean (@RoyalCaribbean) March 7, 2022