петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турските власти заплениле повеќе од 140 килограми кокаин на брод со јаглен

Турските власти заплениле повеќе од 140 килограми кокаин на брод со јаглен

Турските власти во црноморскиот град Зонгулдак конфискувале 141,5 килограми кокаин на товарен брод што превезувал јаглен, објави турското издание „Хуриет дејли њуз“.

Властите започнаа инспекција на бродот „Феникан“ под панамско знаме на 6 октомври по добиена дојава. Акцијата доведе до серија апсења и приведувања. Заеднички ја спроведоа службеници на царинските органи и полициските сили за разузнавање, борба против наркотици и трговија со луѓе.

Според информациите, бродот пристигнал од Колумбија.

Во акцијата за пребарување биле вклучени и нуркачи. Токму тие открија огромен дел од кокаин скриен меѓу товарот со јаглен.

Десетте филипински членови на екипажот на бродот беа веднаш задржани на распит. По процесни дејствија во полициска станица, осомничените се предадени на суд, каде против нив е поведена судска постапка.

Потоа, сите 10 лица се ставени во притвор.