недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турција го осуди израелското бомбардирање на болница во Појасот Газа

Турција го осуди израелското бомбардирање на болница во Појасот Газа

Министерството за надворешни работи на Турција го осуди израелското бомбардирање во кој беше оштетена болницата на турско-палестинско пријателство во Појасот Газа.

На видеото објавено синоќа се гледа дека третиот кат од болницата е тешко оштетен.

„Бидејќи сите потребни информации, вклучително и координатите на таа институција, која е единствена болница за болни од рак, им се однапред дадени на израелските власти, нема објаснување за таков напад“, се наведува во соопштението.

„Опсадата и овие нехумани напади кои имаат за цел да го лишат палестинскиот народ во Газа од повеќето основни права очигледно го прекршуваат меѓународното право“, се додава во соопштението, во кое се заклучува дека Израел мора да ги запре нападите врз жителите на Газа.

Пред нападот немало наредба за евакуација, а претходните денови беа испукани десетици ракети врз областа околу болницата.

Во моментов се сместени од 100 до 150 пациенти, 200 вработени и 100 раселени лица.  (МИА)