На социјалните медиуми се појави неверојатно видео, каде е снимен маж на чиј грб се залепил октопод, а шокираните пливачи се обидуваат да му помогнат да го тргне, пишува „Слободна Далмација“.
Не може точно да се процени каде и кога се случило ова, но италијанскиот турист по име Кристијан Кастања, добро се снашол и покрај тоа што имал неочекуван гостин на грбот, додека уживал на една од плажите во Грција.
Кога го забележал октоподот на неговиот грб, Кристијан се обидел сам да го тргне, но тој не се помрднал. Набрзо луѓето во негова близина се понудиле да му помогнат, бидејќи Кристијан не успеал сам да го извади октоподот. Нивната „борба“ продолжила, откако октоподот се префрлил на неговата рака.
Бројни се коментарите на корисниците на социјалните медиуми. Повеќето од нив наведуваат дека немало да издржат ни десет секунди, доколку им се случело она што го издржал Кристијан.
„Бог да чува“; „Сигурно би умрел“; „За 10 секунди би бил на другиот свет… Секој ден, во секој поглед, имам се помалку желба да одам на море“; „Ах, мајко мила… Каде е ова?“, гласат дел од коментарите.
Во продолжение погледнете го целото видео:
@christiancastagna7 Ma non va più via #polpo #viral #fyp ♬ OUT NOW Enzo Smooth Operator – Enzo