среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Германска банка буквално испра над 50 милиони евра оштетени во поплавите

Германска банка буквално испра над 50 милиони евра оштетени во поплавите

Официјални лица од Бундесбанка работат на голема операција за перење пари за да се исчистат и пребројат банкнотите кои биле со кал, отпадни води и нафта, пренесува metro.co.uk.

Жртвите од тешките летни поплави во Германија се надеваат дека ќе им бидат вратени над 50 милиони евра.

-Обработката на банкнотите мора да заврши во најскоро време, пред да се стврдат и да станат како бетон, изјавил извршен член на германската централна банка Џоханес Берман.

Доставените банкноти се перат, сушат и прегледуваат за да се утврди дека се оригинални, а најмалку половина од нив мора да бидат цели за да може бесплатно да ги замените.

Парите оштетени во поплавите кои се пратени во Бундесбанка надмина 40 милиони евра.