сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албанија ја напушти сивата листа за перење пари

Албанија ја напушти сивата листа за перење пари

Потпретседателката на албанската Влада и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, објави дека Албанија „ја напуштила сивата листа за перење пари“, што е потврдено во извештај на работната група за финансиска акција, ФАТФ.

Според неа, борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот е и била во фокусот на албанската Влада и ќе остане една од главните определби во соработка со стратешките партнери.

-Албанија излегува од сивата листа на ФАТФ. Посветеноста на албанската Влада, работата за исполнување на реформите, реформирањето на Дирекцијата за спречување перење пари во Агенција за финансиско разузнавање, вложувањето во суштинска промена на законите и дигитализација на процесите, се сите чекори што беа ценети од меѓународните партнери и членките на ФАТФ кои денеска одржаа пленарна седница носејќи низа важни одлуки, од кои една е пресвртница за Албанија, нејзиното излегување од сивата листа, пишува таа во објава на Фејсбук.

Балуку, наведува дека оваа одлука носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг и консолидација на трговската размена.

-Оваа одлука несомнено носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг, консолидација на комерцијалните размени и услуги и низа други придобивки кои произлегуваат од оваа нова позиција на Албанија. Борбата за спречување на перење пари и финансирање тероризам беше и е во фокусот на работата на албанската Влада и ќе остане една од нејзините главни заложби во соработката со нашите стратешки партнери, наведува Балуку.

Одлуката ја поздрави и државниот главен обвинител, Олсијан Чела, оценувајќи дека тоа е „плод и суштински придонес од стратегијата за борба против овој феномен, изготвена од Јавното обвинителство во 2020 година“.