Денеска е многу посебен ден за мене и за мојата девојка Лорен, денеска ние годишнина. Таа е една од нашите најдобри стјуардеси. Се уште не знае, но овој ден ќе и стане уште повеќе посебен, кажа како вовед пилотот.
Срцепарателната снимка од моментот кога пилотот на разглас ја запроси стјуардессата го разнежни интернетот.
Два дена пред Божиќ 24 годишниот Јон Емемрсон и неговата девојката 23 годишната Лорен Гибс се припремале за лет од Детроит за Оклахома. Јон на патниците на разглас им ги пренее информациите за времето, должината на летот и можните турбуленции, а после тоа ја промени темаа.
Денеска е многу посебен ден за мене и за мојата девојка Лорен, денеска ние годишнина. Таа е една од нашите најдобри стјуардеси. Се уште не знае, но овој ден ќе и стане уште повеќе посебен. Сакам да го поминам со неа остатокот од живот, кажа младиот пилот, потоа клекна, извади прстен и го постави големото прашање.
Девојкатa се согласи, а целата ситуација ги воодушеви патниците, кои срдечно му ракоплескаа на младиот пар.
Лорен подоцна за Индепендент кажала дека Јон тотално ја шокирал затоа што инаку е многу тивок и повлечен и не очекувала таков потег. Како се би останало забележано со камера, Јон го ангажирал и колеката полот кој летал како патник да го сними овој убав момент.