Узиел Мартинез е човек кој решил несебично да го донира својот бубрег на мајката на својата девојка. За жал за Узиел, она што се случи потоа не беше дел од планот.
Узиел е учител од Долна Калифорнија, Мексико. Неодамна објави серија видеа на TikTok во кои објаснува низ што поминал и како и донирал бубрег на мајката на својата девојка, за таа да го остави и да се омажи за некој друг само еден месец подоцна.
Сепак, Узиел рече дека нема ништо против неа.
-Немам ништо против неа… не сме пријатели, но не се мразиме. Направив видео само за TikTok, не мислев дека ќе излезе од контрола. Имаме само два бубрега и ако веќе донирав еден, имам само уште еден за себе, па …
Клипот е прегледан повеќе милиони пати и се најде на насловните страници во Мексико.
Man Donates His Kidney To Save The Life Of His Girlfriend’s Mom. Girlfriend Dumps Him A Month Later And Marries Someone Else https://t.co/uVeV5koQuv pic.twitter.com/U9oF5fET3e
— Barstool Sports (@barstoolsports) January 19, 2022