недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Грчки град ставен на продажба

Грчки град ставен на продажба

Грчкиот град Баргилија на турскиот брег се продава за 6,6 милиони евра, наведува британски „Телеграф“.

Некогаш под управа на Атина, Баргилија сега се продава поради потребата да се зачува неговото археолошко богатство.

Во британскиот музеј се наоѓаат 56 артефакти пронајдени во овој град.

Истражувачите сметаат дека градот е основан 200 години пред новата ера, кога македонскиот крал Филип со својата војска на ова место побарал прибежиште за време на Критската војна, наведува британски „Телеграф“.

Градот е понуден на продажба и во 2015 година, но тогаш не е продаден.