четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Иако ги перете во машина, садовите сепак имаат ДАМКИ И ФЛЕКИ? Проверете дали правите ваква грешка!

Иако ги перете во машина, садовите сепак имаат ДАМКИ И ФЛЕКИ? Проверете дали правите ваква грешка!

Се смета дека повеќето луѓе ги мијат валканите садови пред да ги стават во машина за перење, но експертите велат дека со тоа си прават непотребна обврска, а исто така се трошат пари и време.

Современите машини и детергенти се дизајнирани да ги чистат садовите кои се навистина валкани, а ако не ги исплакнете садовите пред да ги ставите во машината, ќе заштедите време, пари, енергија и вода. Поради ова, експертите тврдат дека миењето на садовите е навистина непотребен чекор.
Истражувачите спроведоа серија тестови со 17 различни машини за миење садови. Ги наполниле со садови кои имале најтврдоглави дамки, без претходно да ги измијат со вода.

Се испостави дека повеќето од машините завршија одлична работа и беше заклучено дека поради предплакнењето, машините нема да ги исчистат правилно садовите.

Експертот за чистење и организирање во Fantastic Cleaners, Дин Дејвис, вели дека „повеќето машини имаат вграден сензор за откривање нечистотија на садовите и соодветно прилагодување на перењето“.

Ако сензорот открие дека нема многу дамки и нечистотија на садовите затоа што претходно сте ги измиле, машината можеби нема да го направи своето.

Покрај тоа, течноста за миење садови содржи и состојки кои ги разбиваат честичките од нечистотија кои се лепат на садот. Меѓутоа, миењето на садовите прво го прави детергентот помалку ефикасен. Не заборавајте дека непотребно трошите вода ако ги исплакнете садовите пред да ги ставите во машината.