среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Чудо: Родена еднобојна жирафа (ВИДЕО)

Чудо: Родена еднобојна жирафа (ВИДЕО)

Жирафа без дамки, кои се типични за овој вид, се роди на 31 јули во зоолошката градина Брајтс во Тенеси.

Ова бебе е уникатно бидејќи телото му е покриено со кафено крзно. Нема ниту една од дамките кои инаку се карактеристични за овој вид животни.

Научниците во зоолошката градина „Брајтс“ во Тенеси велат дека сомалиската жирафа (Giraffa reticulata) се раѓа без дамки во многу ретки прилики и дека друг примерок не постои никаде во светот.

Дејвид Брајт, директорот на зоолошката градина, вели дека од првиот ден се во контакт со експерти ширум земјата.

Иако има извештаи за слична жирафа родена во Јапонија во 1970-тите, ниедна фотографија од неа никогаш не била објавена во јавноста.

Препознатливиот темен слој на сомалиските жирафи е наследен од мајката и не се појавува случајно по шема или форма. Карактеристичните дамки и обезбедуваат на жирафата одлична камуфлажа, така што поединците родени без нив треба да вложат многу труд за да се скријат од предаторите во природата.

Претставниците на зоолошката градина Брајс побараа јавно да се избере името на жирафата. Досега има четири опции за имиња: Кипики (уникатена), Фиријали (необична), Шакири (најубава) и Џамела (од голема убавина).