недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Жена се обидела да пренесе измет од жирафа од Кенија, еве што сакала да направи со него

Жена се обидела да пренесе измет од жирафа од Кенија, еве што сакала да направи со него

Американските цариници спречиле жена од Ајова која се обидела да внесе измет од жирафа во САД, со својот багаж. Таа сакала да си направи накит од својот „сувенир“ што го зела на пат во Кенија

Кога била избрана за дополнителен преглед по пристигнувањето на аеродромот „Минеаполис-Сент Пол“ на 29 септември, патничката сама пријавила дека има мала кутија со измет. Жената им кажала на цариниците дека имала намера да направи ланче од изметот, бидејќи веќе имала накит од измет од лос. Стручњаци од Агенцијата за земјоделство потоа ја заплениле малата кутија и го уништиле изметот од жирафа, соопшти Царината на САД.

– Постои реална опасност од внесување фекални материи во САД… Доколку личноста влезеше во САД и не пријавеше што донела, многу веројатно би се разболела од таков накит, со опасност од сериозни здравствени проблеми, изјави одговрниот за царина и гранична заштита на Чикаго, Лафонда Д. Сатон-Бурк.

Африканска свинска чума, класична свинска чума, Њукаслова болест, шап и лигавка и свинска везикуларна болест се дел од заболувањата во Кенија кои Царината ги наведе како опасност од внесувањето измет.  (МИА)