вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Илон Маск и НАСА го праќаат Том Круз во вселената! ФОТО

Илон Маск и НАСА го праќаат Том Круз во вселената! ФОТО

Планот за новиот филм на Том Круз, чие дејство ќе се одвива во вселената, конечно е оформен!

Патувањето на кое ќе тргне овој холивудски актер е закажано за 2021 година.

Илон Маск ќе учествува во овој проект, а НАСА исто така ќе им помогне да го снимат ова достигнување. Режисер на новиот филм на Круз ќе биде Даг Лиман, двајцата соработуваа на филмот „Edge of Tomorrow“, кој одлично помина кај публиката и критиката. Проектот сега е сигурно на патот, Спејс Шатл Алманах на Твитер потврди дека вселенското летало „Аксиом“, управувано од пилотот Мајкл Лопез-Алегриа, ќе биде испратено на оваа мисија во октомври 2021 година, додека членови на екипажот ќе бидат Круз и Лиман. НАСА ја потврди својата вклученост во овој проект на почетокот на оваа година преку Твитер, администраторот на НАСА Џим Бриденштајн објави на Твитер:

„НАСА е возбудена што ќе работи со Том Круз! Потребни ни се популарни медиумски личности за да ги инспирираме новите генерации инженери и научници да ги направат амбициозните планови на НАСА реалност!“

Филмот, кој сè уште нема име, беше претставен на „Универзал“ преку апликацијата Зум. Лиман моментално работи на сценариото, додека буџетот на овој филм е 200 милиони долари. Том Круз е познат по акционите достигнувања како што е „Невозможна мисија“, како и „Топ Ган“ и бројни други филмови.