четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Исценирал дека загинал поради својата девојка: Потоа и приреди уште поголеми изненадување (ВИДЕО)

Исценирал дека загинал поради својата девојка: Потоа и приреди уште поголеми изненадување (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи снимка од момче на една девојка од Филипините кој се претворал дека згинал во несреќа за само неколку моменти подоцна да ја запроси.

Мажот подоцна е идентификуван како Џефри Делрио, а сцената ја наместил со помош на полицијата, која го паркирала своето возило пред него додека тој лежел и изгледал како да е мртов покрај моторот.

Полицијата тогаш на сцената ја доведе неговата девојка Шиела Парајанон, на која и кажале да се припреми на најлошото. Таа во паника дотрчала до него и почнала да плаче, додека тој се припремал да клекне пред неа и да го извади прстенот.

Марк Апура, пријател на парот кој ги снимил, кажал дека запросувањето било „многу романтично“ и дека парот „бил полн со љубов“ по лажната несреќа.

-Беше необично. Луѓе измислуваат чудни начини за запросување. Џефри излгедал како да е тешко повреден, но оживеал кога неговата дошла неговата. Среќен што помагам за ширење љубов, додал тој.

Иако некои биле воодушевени од запросувањето, други додаваат дека би биле бесни ако партнерот така ги запроси.