Во Кина каде месото вообичаено се пече или вари, срцевите заболувања се поретки, вели докторот.
За срцето да биде здраво, многу е важно да внимавате на исхраната и да се грижите за стилот на животот и навиките.
Пред сè важно е да го исфрлите сето тоа што делува штетно на најважниот мускул во телото, а еден кардиолог открил кои 9 работи им ги забранил на своите блиски. Помфрит На 100 грама пржени компири доаѓаат 8 грама трансмасти кои не се супстанција од природно потекло, туку производ од повеќекратно загревање на растителното масло.
Трансмастите го зголемуваат холестеролот во крвта и така го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.
Црвено и преработено месо „Шницлите, меленото месо и сланината се многу штетни за срцето.
Бактериите од системот за варење апсорбираат аминокиселини од црвеното месо, што поттикнуваат цел ланец на реакции, а на крајот го зголемуваат и нивото на холестерол и ризикот од срцеви болести“, вели кардиологот.
Пржена храна
Термички обработената храна на висока температура создава голема количина на трансмасти кои се едни од главните виновници за проблеми со срцето.
Пица, Само едно парче пица содржи 10 грама масти од кои 4,4 грама заситени масти.
Бел леб
Редовното консумирање на храна со јаглехидрати како белиот леб го зголемува ризикот од срцеви болести. Високиот гликемиски индекс го подигнува нивото на шеќер во крвта, па врз основа на тоа научниците се сомневаат дека тоа е еден од првите фактори кои доведуваат до срцев удар.
Пченкарни житарици, Станува збор за брзи јаглехидрати преполни со шеќер кои прават инсулинот во телото да „дивее“.
Сол
Вишокот сол во телото предизвикува оштетување и затнување на крвните садови. Дневно не треба да се внесуваат повеќе од 5 грама сол.
Инстант супи Како и поголемиот дел од другите преработени производи, инстант супите содржат голема количина на сол која го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочен удар, откриваат експертите.
Енергетски пијалаци 100 милилитри енергетски пијалак содржи 30 милиграми кофеин. Прекумерното консумирање на енергетските пијалаци може да предизвика тахикардија, а потоа да доведат и до кардиоваскуларни болести.