Хрватската репрезентација и донесе голема радост на Хрватска, но и на Балканот вчера откако ја совлада Русија и се пласираше во полуфиналето на СП.
Овие денови Хрватска живее за и со фудбалот, а вчеравечер немаше човек, дете, млад или стар што не го следеше мечот кој и донесе голема радост на државата.
Таквата радост не сакаа да ја пропуштат ниту гостите и младенците на една свадба која за „жал“ била закажана токму за вчеравечер.
Па така хрватската пејачка Маја Шупут која била дел од прославата на својот Инстаграм профил објави видео снимка од свадбената церемонија на која се славеше пласманот во полуфиналето на СП, погледнете.