Една бурекчилница во Љубљана вети дека ќе ја покрие казната за човек кој доставува храна, кој беше казнет со 400 евра затоа што ја симна маската за да јаде на јавно место за време на епидемијата, доколку се докаже дека тоа бил нивниот популарен бурек со сирење.
-Го бараме славниот доставувач на храна кој минатата недела плати казна во Љубљана за консумирање храна на скалите пред Фрањевачката црква. Имаме намера да го прашаме од каде го купи бурекот. Доколку се докаже дека тој е наш бурек, подготвени сме да му ја платиме казната, објави бурекчилницата “Бурек Олимпија” на Фејсбук.
Случајот со момчето кое беше казнето во центарот на Љубљана стана топ тема во Словенија, а на Интернет се прошири фотографија на која се гледа како полицаец му ја пишува казната.
За него се зборуваше и во парламентот.
Опозицијата го искористи тоа за да ги критикува преземените мерки и ги опиша како апсурдни и прекумерни и посочи дека казните се дискриминирачки, бидејќи некои политичари се појавија во јавноста без маски, но не беа казнети.
Сепак, словенечката полиција тврди дека казната била оправдана, бидејќи момчето не носело маска на јавно место во согласност со прописите.