петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ја соблече маицата и ја запроси на трибина, таа стана и побегна

Ја соблече маицата и ја запроси на трибина, таа стана и побегна

Млад Американец запроси девојка на хокеј натпревар, но изгледа дека девојката рече не, а потоа побегна од трибините.

За време на натпреварот помеѓу Њујорк Ајлендерс и Флорида Пантерс во четвртокот вечерта, еден навивач го соблече дресот и ја запроси својата девојка.

На неговите гради пишуваше: „Те молам кажи да да да“.

Девојката му пријде, го фати за раце и потоа истрча од трибината.

На социјалните мрежи беа објавени неколку снимки од запросувањето, а фотографија од парот беше споделена и на официјалната страница на Њујорк Ајлендерс, на чии трибини во „ЈуБиЕс“ арената се случи тоа.

„Кажа да или не?“, прашаа од клубот на Twitter со порака дека мораат да знаат.

Додека луѓето на социјалните мрежи мислат дека целиот предлог е исцениран, неколку очевидци се јавија да потврдат дека реакцијата била вистинска.

„Го соблече дресот и рече ‘те молам кажи да’. Таа беше во шок, ја слушнав како кажува што се случува и дека не може да го направи тоа. Тој само рече ‘је*и га’. Сите снимаа, а публиката полуде. Таа само си змаина од трибината“, изјави еден од навивачите кои биле во близина на овој необичен настан.

Можеби девојката рекла „да“, а избегала затоа што не ѝ се допаѓа јавното запросување и да е во центар на внимание. Останува да дознаеме.

Во секој случај, навивачот од едно нешто навистина се разочара – неговиот Ајлендерс го загуби натпреварот со 3:1 и новата НХЛ сезона ја почна со пораз на домашен терен.