Момче со име Роб одлучи својата девојка да ја запроси преку една радио емисија, а на помош му дојде и пејачот Шон Мендес.
Заедно ја повикаа неговата девојка Ребека, која наводно е голем фан на Шон, но идејата не заврши баш најдобро.
Пред повикот Роб му призна на Шон и водителот на емисијата, Роман Кемп дека е многу потресен.
-Малку се дружам со Роб. Разговаравме за многу работи и ми кажуваше дека си фантастична и дека те сака. Голема чест ми е што имам можност да те прашам. Сакаш ли да се омажиш за Роб? , и кажа Шон на девојката.
Наместо воодушевено да прифати како што сите се надеваа, Ребека одговори со збунувачка тишина, а Шон мораше да го повтори прашањето.
-Не можам да поверувам дека ова ми го направи! Дали е ова шега? После три години мислиш дека сакам вакво нешто? Толку пати сум ти кажала дека мрзам јавни изливи на љубов и ти ме запросуваш преку радио?, кажа таа.
Не застана само на тоа.
-Зошто сам не ме праша да се омажам за тебе? Зошто тоа мораше да го праша некој друг?, бесно праша таа пред да ја спушти слушалката.
После овој испад, Шон се обиде да го утеши Роб.
После тоа, Роб му соопшти и дека напишал песна која сака да ја прочита пејачот.
-Розите се црвени, љубичиците се сини, драг Шон Меднез те зезнавме, прочита пејачот и се прсна од смеење.
После тоа во студиото влезе и насмеаната Ребека, а пејачот призна дека добро го насамариле.
Погледнете го видеото: