Во периодот кога денот станува сè пократок, а ноќта подолга, многу луѓе се борат со чувство на меланхолија и нерасположение. Кратките и студени денови на многумина им влијаат на расположението, но и на нивото на енергија. Како да се победи оваа состојба?
Ова нарушување во расположението е познато како есенска депресија, а е резултат од недостатокот на дневна светлина. Со појавата на есенската депресија се јавуваат и заморот, пад на имунитетот, исцрпеност. Што може да направите за полесно да се справите?
1. Земајте витамин Д
Витаминот Д е многу важен за здравјето на цревата, за раст и за обновување на клетките. Ако поголем дел од денот мора да минувате затворени во просторија, поради работата, суплементи од витаминот Д ќе ви помогнат да останете здрави и со добро расположение.
2. Јадете риба
Неодамнешна анализа од 26 истражувања покажува дека зголемениот внес на омега-3 масни киселини, кои се наоѓаат во рибата, го намалува ризикот од депресија за 17%.
3. Пијте зелен чај
Зелениот чај содржи доста антиоксиданси кои помагаат против дегенеративни болести. Без разлика дали го пиете топол или студен, чајот има исти својства. Содржи полифеноли, флавоноиди, хлорофил, витамини и минерали.
4. Излезете надвор
Излезете надвор за да го зајакнете имуниот систем и да го намалите стресот. Секој ден практикувајте кратки прошетки, најдобро во парк или природа.
5. Земајте пробиотик
Истражувањата покажуваат дека балансот на микроби во цревата е од клучна важност за здравјето. Докажано е дека помага во борбата против вишокот килограми, таложењето масти и влијае на расположението. Околу 76% од нашиот имунитет се наоѓа во цревата, а бактериите во нив се првата одбранбена линија од штетни бактерии, вируси и други микроби.
Намирници богати со пробиотици се киселите краставички, јогуртот, кефирот и темната чоколада.