понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Канскиот филмски фестивал забрани селфи фотографии и филмови од Нетфликс

Канскиот филмски фестивал забрани селфи фотографии и филмови од Нетфликс

На Филмскиот фестивал во Кан оваа година нема да има новинарски проекции пред свечените премиери, а ќе биде забрането на сликање селфи фотографии на црвениот тепих, изјави уметничкиот директор на најпрестижниот фестивал, Тјери Фремо.

Посочи дека сите кои ќе ги прекршат правилата ќе им биде забранет влез на проекциите на филмовите.

-Тоа не е убаво. Тоа е грозно. Тоа е лудо. Сакаме да вратиме малку достоинство, објасни Фремо, зборувајќи за селфи фотографиите.

Додаде и дека оваа година филмовите на Нетфликс се забранети на Канскиот фестивал кој треба да се одржи од 8 до 19 мај.