четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ќе бидете ли добар детектив: Дали овој човек се самоуби или беше убиен?

Ќе бидете ли добар детектив: Дали овој човек се самоуби или беше убиен?

Замислете си ја следнава сцена: Маж е пронајден мртов, со пиштол во раката и касетофон до него.

Детективот притиснал да преслуша што има на касетата и слушнал порака која гласела:

„Изморен сум од овој живот и се одлучив да ставам крај на мојата мака и страдање,“ по што се слуша истрел од пиштолот.

Сепак, детективот е убеден дека не се работи за самоубиство.

Како и зошто?

Размислете сами и одговорете, а ние одговорот на прашањето „Што го навело детективот да одговори дека не станува збор за самоубиство?“, ви го даваме во продолжение.

Ако мажот се самоубил со истрелот кој се слуша на крајот на снимката, касетофонот уште ќе снимал бидејќи немало кој да го изгаси. Снимката на касетата била вратена од почеток, што мртвиот не можел да го направи ако сам си го одземал животот.

Овој маж е убиен, а неговиот убиец смислил се, само да изгледа како самоубиство. Направил катастрофална грешка и беше фатен од детективите.