Според неофицијални информации, класниот раководител на момчето убиец, Коста Кецмановиќ (14) кој на 3-ти мај уби девет ученици и вработен во обезбедување на ОУ „Владислав Рибникар“ е во лоша психичка состојба поради страшниот масакр што го извршил нејзиниот ученик.
Одделенскиот раководител од минатогодишнотo 7/2 во основното училиште „Владислав Рибникар“ ќе треба да сведочи пред суд во граѓанската постапка што ја покренаа 27 оштетени, односно родителите, браќата и сестрите на жртвите на момчето, против момчето убиец, неговите родители, но и училиштето.
Одделенскиот раководител на момчето ќе треба да објасни како тој бил префрлен во нејзиниот клас пред почетокот на учебната година и чија одлука била. Некои родители на ученици од ова училиште за медиумите изјавија дека класниот раководител нема никаква врска со доаѓањето на момчето во нејзиниот клас и дека тоа е одлука на директорот.
„Таа жена е во шок. Веќе не е истата наставничка. Знаеме дека ќе сведочи на суд. Кога тоа момче се запиша во нејзиниот клас, таа ги упати децата добро да го прифатат и да го вклучат и во училишните активности и во дружењето. До тој ден и се чинеше дека нема проблеми. Сега жената не знае што да каже, а таа и сите го колнеме денот кога момчето дојде на час“, изјави мајката на еден од учениците.
Инаку, во граѓанската постапка, покрај одделенскиот раководител, ќе бидат повикани и други вработени во училиштето да зборуваат за кобниот ден, но и за тоа што му претходело на хоророт.