недела, 21. јули 2024. Вести денес: 0
home Регион

Родителите на Коста Кецмановиќ денес пред суд: Еве за што можат да одговараат откако нивниот син направи масакр

Родителите на Коста Кецмановиќ денес пред суд: Еве за што можат да одговараат откако нивниот син направи масакр

Во Вишиот суд во Белград денеска треба да почне граѓанската постапка по втората тужба против таткото и мајката на Коста Кецмановиќ, момчето кое на 3-ти мај уби девет врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.

Оваа тужба ја поднеле членовите на семејството на едно од убиените девојчиња против семејството Кецмановиќ и училиштето во кое е извршен масакрот.

Неодамна почна граѓанската постапка за тужбата во која, за разлика од оваа, учествуваат семејствата на сите оштетени.

Во таа парница прелиминарното рочиште е завршено и главната расправа е закажана за крајот на декември.

Судот ќе одлучи по тужбеното барање и дури по завршувањето на граѓанската постапка ќе донесе одлука дали целосно или делумно ќе го прифати барањето на семејството, или евентуално ќе го одбие.

Тужбата е поднесена во граѓанска постапка за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв.

Со оваа тужба се бараше и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата до издржување на условите за истата – на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице.

Судот претходно во однос на таткото на момчето определи привремени мерки за забрана на располагање и отуѓување имот во кривичната постапка против него, а против мајката во граѓанската постапка.

Во граѓанската постапка против мајката на момчето, Вишиот суд во Белград донесе решение за привремена мерка во однос на имотот што е во нејзина сопственост, односно е блокиран за продажба и издавање.

На 10 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против таткото и мајката на момчето, како и против сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде, како што се сомнева, момчето убиец научило да пука, додека малолетникот не е кривично одговорен бидејќи во времето на масакрот немал наполнето 14 години.

По поднесувањето на обвинението, Вишиот суд и одреди забрана на мајката да се приближува и да комуницира со момчето убиец.