петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Снимките од стрелиштето покажуваат кој го обучувал Коста Кецмановиќ да пука, не станува збор само за неговиот татко

Снимките од стрелиштето покажуваат кој го обучувал Коста Кецмановиќ да пука, не станува збор само за неговиот татко

Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против родителите на момчето-убиец кој на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби 9 негови врсници и чувар. Обвинение е подигнато и за сопственикот и инструкторот на стрелиштето, бидејќи тие дале лажни изјави.

Таткото на момчето, како што стои во обвинението, го однел момчето на стрелиштето, а во истрагата се сослушани сопственикот на ова стрелиште, како и инструкторот.

Во текот на истрагата тие рекоа дека момчето не доаѓало во нивниот стрелачки клуб, дека не го виделе, а ако го виделе, немало да му дозволат да пука.

Но, во истрагата истражителите нашле докази дека и двајцата лажат, а против нив е покренато обвинение за кривично дело давање лажен исказ.

-На стрелиштето има видео надзор, но снимките се чуваат три недели, по што се бришат. И покрај тоа, инспекторите вложиле големи напори и успеале да „повратат“ одредени делови од избришаната снимка и така дошле до снимка на која јасно се гледа како пука момчето убиец. На едно видео може јасно да се види како сопственикот на стрелиштето го држи Коста за рацете, односно му помага да „нишани“ во целта, додека инструкторот ги држи неговите колкови и нозете во позиција за пукање, објавија дел од српските медиуми.

Во обвинението стои дека таткото го однел својот син на стрелиште една година пред масакрот, дека го научил да пука во концентрични кругови и силуети на луѓе и го научил како да дише додека пука.