Доколку помисливте дека гледате поле со цвеќиња, тогаш сте во голема заблуда.
Станува збор за “гробишта“ за велосипеди во градот Вухан во Кина.
Услугата на делење велосипеди, која моментално цвета во оваа земја, доведе до некои негативни последици.
Секој жител на Кина со едноставна употреба на апликација на смартфон може да изнајми велосипед (цената на изнајмување чини 1 јуан, односно 9.15 долари од час), а луѓето ги оставаат на најразлични можни места.
И додека поедини компании, за да се пробијат на пазарот, произведуваат милиони велосипеди секој ден, властите неретко после пронаоѓањето на улица ги конфискуваат и ги испраќаат на депонија.
-Една од најтажните работи е тоа што во голем број на случаи станува збор за нови велосипеди, пишува „Бизнис инсајдер“.
????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????
The problem of China’s huge bike graveyards https://t.co/VzNmM1LAV8 pic.twitter.com/q8fmwkSSGF
— BBC News (World) (@BBCWorld) May 11, 2018