Таа договорила состанок со момче преку апликацијата Тиндер.
На средбата се појавила во обични фармерки и маичка. Но, само така изгледало. Вистината е многу интересна. На своето тело немала ништо друго освен боја.
Моделот и актерката Џои се здружи со американскиот уметник Џен Сеидел, познат како Jen Body Painter, за да направат еден трик, односно на нејзиното голо тело да наслика облека. Џен цели два часа внимателно ја премачкуваше Џои со боја додека нејзиното тело не беше готово. Преку нозете и „стави“ плави фармерки, а горе цветна маичка.
Нејзиниот партнер на почеток не ја забележа, а Џои пред него го соблече капутот за да биде сигурна дека ја види.
После тоа му рече „Не сакам ништо да јадам бидејќи не сакам да се здебелам. Се плашам дали ќе ми се покажува низ облеката“.
На крајот се одлучиле за кафе, кога нејзиниот партнер го коментираше нејзиниот изглед. „Ми се допаѓа како си облечена, а за момент помислив дека си гола“.
Таа мораше да ја открие тајната бидејќи надвор почнало да паѓа дожд. Можете да претпоставите што ќе се случеше да излезеше вака обоена на дожд.