сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кучињата како храна? Корејците длабоко поделени по ова прашање

Кучињата како храна? Корејците длабоко поделени по ова прашање

Во Јужна Кореја, традиционално во летните месеци се јаде кучешко месо. Но, имајќи предвид дека во земјата сѐ почесто кучињата се чуваат како домашни миленичиња, кучешкото месо станува сѐ поконтроверзна тема и Владата е под голем притисок да го забрани.

Јужнокорејците, особено помладите, сѐ почесто застануваат на страната што се залага за забрана на кучешкото месо како храна.

BBC Korea отвори дијалог на темата во обид да се дојде до одговор на прашањето дали двете страни може да дојдат до заедничко решение.