недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Леопард напаѓал луѓе: Вознемирувачка снимка се појави на Твитер

Леопард напаѓал луѓе: Вознемирувачка снимка се појави на Твитер

Во нападот на леопард во индиската сојузна држава Асам денес се повредени 13 луѓе, вклучувајќи три шумари, пренесува Хиндустан тајмс.

Според зборовите на очевидци, инцидентот се случил околу Институтот за истражување врнежи во шума, а леопардот излегол од шума која се наоѓа во склоп со овој институт и напаѓал минувачи.

-Во овој напад се повредени 13 луѓе, ваквото однесување на леопардот е невообичаено бидејќи не напаѓа луѓе, изјавија од полицијата.

Повредените се префрлени во болница, а од таму соопштуваат дека пациентите се стабилни.