вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Мачка со девет животи: Се спасила од стан во пламен (ВИДЕО)

Мачка со девет животи: Се спасила од стан во пламен (ВИДЕО)

Мачка, заглавена во запален стан во Харлем, Њујорк, изведе неверојатен скок од зградата, а целата сцена е снимена и стана хит на социјалните мрежи.

Арон Ганавеј ја снимил портокаловата домашна мачка, која изгледа дека потемнела од пламенот, на столбот на зградата на вториот кат во саботата вечерта, објави Ен-Би-Си Њујорк.

Како што се приближувал пожарот, храбрата мачка се обидела да се спушти по зградата пред да скокне и ги промашила полицајците кои се обиделе да ја пречекаат на земја.

За среќа, мачката поминала без значителни повреди и била однесена во локално засолниште за животни, каде добила помош поради вдишување чад.

Седум лица, меѓу кои и двајца полицајци, биле повредени во пожарот што го запалило неидентификувано лице кое не живеело во зградата.

Скокот на мачката ги воодушеви љубителите на животните на социјалните мрежи, иако многумина пишувале дека мачката лесно може да скокне и од поголема височина.