четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Мачка со скршена нога сама отишла во болница во Турција

Мачка со скршена нога сама отишла во болница во Турција

Мачка со скршена нога сама си пронашла пат до Oдделението за итни случаи во болница во Турција, јави турската телевизија „Хабертурк“.

Мачката била снимена од безбедносните камери како влегува во болницата во градот Татван, во областа Битлис, преку влезот за итна медицинска помош. Потоа малку подзапира, па се упатува кон салата за операции. Ја забележал лекар, кој ѝ пружил помош со шиење и преврзување на ногата.

Мачето кое болничкиот персонал го именуваше „Давшо“, продолжи да ја посетува болницата, каде што, одвреме-навреме, сѐ уште добива помош.  (МИА)