Една Македонка одлучи да признае како се чувствува по раскинувањето со момчето кое ја променило од корен.
-Бев ведра, насмеана, борбена, Сакав и ме сакаа. Раскинувањето на врската, а воедно и распадот на пријателството ме скрши и станав тажна, безволна, а на крајот студена и себична. Ништо не ме интересираше, факултетот го баталив, воопшто не вложувам во него, еден испит дадов за цела година, ете во таков фазон сум, што ќе ми е.
-Трошам пари како луда: Америка, Рим, Париз, Загреб, Белград, на море бев 3 месеци и сето тоа за помалку од година дена. Пак не сум среќна. Станав размазена каква што никогаш не сум била, одвратна сум и знаете што, одлучив сето тоа да го сменам. Зошто ова не сум јас.
-Јас ги сакам луѓето, животните, го сакам животот и ја сакам среќата! Никогаш не мислев дека можам да бидам толку скршена, но ете од сега се менувам зошто тоа е за мое добро, за доброто на мојата мајка и моите пријатели. Ги имам сите услови да бидам среќна, а јас сум се фатила за оној еден што ме скриши. Ве сакам и вас луѓе! Време е да се сменам на подобро, доста стоев во место, одлучив да вложам во себе и сакам тоа да го споделам со вас. Поздрав од Скопје, напиша искрено девојката.