понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Малиот Единбург: Градот кој мора да го посетите доколку навистина сакате да се запознаете со Шкотска

Малиот Единбург: Градот кој мора да го посетите доколку навистина сакате да се запознаете со Шкотска

Доколку сакате да ја истражите Шкотска, добар избор ќе направите доколку поминете и во овој град кој се наоѓа помеѓу Хајлендс и Лоулендс (Highlands и Lowlands). Во минатото, градот во срцето на Шкотска бил кралски град, центарот на историскиот Стирлингшир. Се наоѓа на десниот брег на реката Форт, оддалечен само 60 километри од Единбург и 40 километри од Глазгов, така што можете да го вклучите во вашата рута низ Шкотска. Станува збор за градот Стирлинг.

Град на вулкански рид од 75 метри височина

Во градот доминира и најважната знаменитост, дворецот на 75 метри висок вулкански рид. Имајќи во предвид дека стариот град е изграден на повисоки места, до него водат стрмни улици, каде се наоѓаат добро сочувани згради од 16 и 17 век. Покрај неговата убавина, замокот беше многу важен во историјата на Шкотска за нејзината геостратешка позиција. Ридот кој што нуди неверојатен поглед и близината на реката која ја дели Шкотска меѓу планините и низините е совршена контролна точка и совршено место за одмор и уживање во шкотскиот зелен пејзаж.

Малиот Единбург

Поборниците во оваа тврдина веројатно припаѓале на Пикти, племе кое живеело во источните и северните делови на денешна Шкотска. Шкотскиот крал Александар II го потврдил статусот на Стирлинг како кралски град, кој подоцна тврдината ја претворил во замок и кралска резиденција. До 16 век Стирлинг ги делел истите привилегии со Единбург, главниот град на Шкотска, па поради тие причини често бил нарекуван Малиот Единбург.

До Стирлинг можете да пристигнете од најголемите шкотски градови, Единбург и Глазгов. Од Единбург потребни ќе ви бидат 50 минути со воз, а од Глазгов 35 минути.