За време на Светското првенство луѓето се подготвени да направат многу работи за да отидат на натпревар.
Се даваат откази, се земаат лажни боледувања, се продаваат автомобили и се подигнуваат кредити, но еден маж од Сплит отиде чекор подалеку.
На една Фејсбук страна осамна оглас каков досега не сте виделе.
-Луѓе се вовлеков во голем проблем. Одамна купив карти за четвртфиналето на Светското првенство во Русија, а во сабота се женам, напишал авторот на огласот.
-Заедно сме од 2002 година. Поминавме навистина се заедно. Имавме добри и лоши моменти, солзи и смеа. По патувањето на Австрија пред 10 години срцето ми беше скршено, но нашата врска од тогаш стана неописливо силно. Неколку пати многу ме налути, но и натаму останав со неа. Ни јас не бев најдобар. Знаев да не се појавам кога најмногу и требав, но таа тоа не ми го замери. Сега се ближи најважниот ден од историјата на нашата врска и јас со сигурност нема да го пропуштам. Затоа барам некој кој ќе ме замени. Свадбата е во Сплит во сабота во 17 часот, а идната жена се вика Ивана. Кога ќе се појавите кажете и дека сте тука наместо Маријан и дека според новите правила на ФИФА дозволена е таа замена. Среќно младенци, пишува мажот во огласот.