недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

11.089 сезонски билети за КК Партизан обоновени, а продажбата уште не е започната

11.089 сезонски билети за КК Партизан обоновени, а продажбата уште не е започната

Фановите на Партизан едноставно уриваат рекорди.Имено како што денеска објавија од страна на раководството на “црно – белите“, иако официјалната продажба на претплатни или сезонски  билети стартува утре, “пламнале“ 11.089 билети.Имено оние кои од лани имаавакви билети само ги обновиле договорите и со тоа и во новата сезона ќе го следат својот омилен тим.

Инаку според извори во КК Партизан,се очекува најмалку 15.000 сезонски билети да бидат продадени. Ако се знае дека капацитет на Арената во Белград е 22.000, тогаш јасно е дека пред секој меч во Евролигата ќе биде јагма за билети.

Познато е дека Партизан, односно фановите на овој клуб во минатата сезона просто “растурија“ во поглед на посетата. Па така сега ги имаат најголемите десет посети на ТОП листата на посетени мечеви во Евролигата.