петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЕВРОЛИГА: Монако победи во Белград, Валенсија останува со перфектен учинок

ЕВРОЛИГА: Монако победи во Белград, Валенсија останува со перфектен учинок

Монако оствари важна победа над Црвена Звезда и тоа во Белград (76:82), а најголем виновник за евролигашкиот успех на францускиот прволигаш е расположениот Мајк Џејмс.

Американецот диктираше темпо против српскиот противник и го заврши дуелот со дабл-дабл, односно 18 поени и 11 асистенции. Домаќините имаа подобар почеток, но подоцна Монако успеа да го надмудри противникот за успешно гостување против Црвена Звезда и прва победа во Евролигата сезонава на неговиот тим.

Гидраитис со 20 поени беше најефикасен во редовите на „црвено-белите“, додека Недовиќ го заврши натпреварот со 15 поени.

Валенсија триумфираше против Макаби со 75:66 и останува една од трите екипи со перфектен учинок, односно три победи во досегашниот дел на сезоната.

Инглис со 11 поени бил најефикасен во шпанскиот состав, додека Колсон реализирал 20 во дресот на Макаби.

Виртуз Болоња исто така ја искористи предноста на домашен терен и ја совлада Алба со 87:76, што е веќе втора победа во низа за италијанскиот тим во Евролигата.