петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Партизан го растури Асвел, Реал Мадрид без милост против Анадолу

Партизан го растури Асвел, Реал Мадрид без милост против Анадолу

Кошаркарите на Партизан ја забележаа првата победа во новата евролигашка сезона. Тие на гостински терен го растурија францускиот претставник Асвел Лион со 26 поени разлика, односно 62-88.

“Црно-белите“ од Белград ги добија сите четири четвртини и не му оставија ниту трошка надеж на противникот да се надева на поволен резултат од овој натпревар.

Најефикасен во редовите на Партизан беше Нунали со 17 поени.

Убедлива победа забележа и Реал Мадрид, кој немаше милост за Анадолу Ефес и го совлада со 80-103 на негов терен.